Поврзете се со нас

Шпанија

Деко се огласи и испрати директна порака за иднината на двајца клучни играчи на Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона има турбулетна сезона и останува истата да се види како ќе заврши, но што и да се случи дефинитивно ќе има одредени промени почнувајќи од тренерската позиција која нема повеќе да ја извршува Чави Ернандес кој сам одлучи да се повлече.

Голема улога во најважните одлуки ќе има спортскиот директор Деко кој ќе мора да пронајде вистински човек за наследник на Чави, а притоа ќе мора во исто време да реши некои прашања околу екипата кога клубот е во специфична финансиска состојба.

Во изминатиов период досега се говори за Френки Де Јонг и Роналд Араухо кои се топ играчи, а како такви се интересни за останатите клубови како Челси, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Баерн Минхен… кои сакаат да ја искористат ситуацијата на каталонците и да ги доведат во своите редови.

Ама шпанскиот шампион нема намера да се откаже од Холанѓанецот и Уругваецот и доказ за тоа е пораката која ја испрати Деко кога е во прашање нивната иднина.

-Што ќе се случи со Араухо и Де Јонг? Ништо нема да се случи. Тие имаат договор и ние сакаме да го задржиме најдоброто. И тие се најдобри. Тие се фудбалери на сегашноста и иднината. Тие се играчи кои го заслужија правото да бидат во Барса и ја заслужија почитта од навивачите и клубот. Сакаме да продолжиме да сметаме на нив, -порача Деко.

Двајцата се под договор со шпанскиот великан до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни