Поврзете се со нас

Шпанија

Деко: Сакам да донесам играчи како Ето и Роналдињо во Барселона, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Поранешниот португалски репрезентативец, Деко прифати да се врати во Барселона со тоа што сега неговата улога е спортски директор, оперативец од кого зависат многу работи кога се во прашања засилувањата.

Поради финансиски причини, шпанскиот великан не е премногу активен на трансфер пазарот, мора внимателно да ги бира засилувањата кои се почесто се играчи на кои им завршува договорот, поточно фудбалери за кои не е потребно да се плати трансфер обештетување.

На Деко сигурно не му е лесно да работи под вакви околности, но тој премногу не се жали и не се согласува со тоа дека клубот се мачи да доведе квалитетни странски играчи.

-Ајде да видиме. Ако не се лажам, Левандовски беше најдобар стрелец минатата сезона. Челси и Арсенал го сакаа Рафиња, а тој играше повеќе минути од Дембеле, постигнувајќи голови и асистенции… Чувствувам премногу носталгија. Поминаа 20 години, -вели Деко кој своевремно од Порто премина на „Камп Ноу“.

-Би сакал денес да ги ангажирам Роналдињо и Ето. Дури и Деко. Но, тие ниту постојат, ниту се на пазарот. Времињата се сменија, фудбалот се смени. Овие денови не би можел да потпишам за Барса. Немаше да поминам пет години чекајќи во Порто. Ниту Самуел во Мајорка ќе ја чекаше Барса.

-Колку и да сакав, ќе добиев толку многу понуди од толку многу клубови што Порто ќе наплатеше многу повеќе и ќе биде многу потешко. Денес играч постигнува голови како Ето шест месеци и сите клубови се борат за нив, -вели Деко во интервјуто за „Ла Вангардија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни