Шпанија
Деко објаснил зошто Барселона не го купи Нико Вилијамс
Барселона и летово мораше да се снаоѓа со комплицираната финансиска ситуација, а спортскиот директор Деко да се адаптира на условите кои се менуваа со секој влезен и излезен трансфер.
На крајот, Дани Олмо е најважното освежување во составот на Ханси Флик, иако фановите посакуваа да пристигне и Нико Вилијамс, како уште еден шпански репрезентативец кој блескаше на последното европско првенство.
По завршениот преоден рок, Деко се обидел да објасни зошто Барселона се повлекла од потписот на Вилијамс.
– Имавме потреба од квалитетно крило, но проценивме дека веќе ги имаме Рафиња, Феран, Јамал, како и Ансу Фати кој се врати и беше одличен за време на подготовките.
– Тука се и Фермин Лопез и Дани Олмо, наша основна цел беше да добиеме фудбалер кој ќе биде на високо ниво и на крајот проценивме дека Олмо треба да ни биде приоритет. Тој ќе ни овозможи повеќе опции, имавме можности да доведеме и други крилни играчи, но на крајот се откажавме од такво нешто, – изјавил Деко.
-
Англија22 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Италија24 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Шпанија16 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија18 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Шпанија23 часа
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ загуби сет, но закажа полуфинален дуел со својот „редовен пациент“
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Свет19 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…