Поврзете се со нас

Шпанија

Деко: Не е вистина дека Гвардиола направи револуција во Барселона…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Андерсон Луис Де Соуза или попознат само како Деко одново е дел од Барселона со тоа што сега има сосема друга улога и е главен оперативец, спортски директор на шпанскиот великан.

Тој го прифати овој предизвик во тешко време за каталонцитте кои се соочуваат со доста проблеми кога се во прашање финансиите, па Деко, претседателот Жоан Лапорта и останатите мораат да бараат креативни решенија и овозможат клубот да функционира и во исто време да биде конкурентен.

Пред Деко е доста работа, има многу предизвици, а прв дефинитивно е да најде наследник на Чави Ернандес кој реши неочекувано да си замине на крајот на сезоната. Португалецот со бразилски корени на оваа тема како и за многу други прашање отворено говореше во интервјуто за „Ла Вангардија“ каде имаше што да каже за револуцијата која своевремено Пеп Гвардиола ја направи како тренер на „Камп Ноу“.

-Кога пристигна во Барселона, се зборуваше за голема револуција, што е голема лага. Јас и Роналдињо заминавме, но тој ги имаше Чави, Иниеста, Бускетс беше промовиран, Јаја Туре, најдобриот играч во Африка, Меси, се разбира, Самуел Ето, -истакна Деко кој сепак му оддаде признание на Шпанецот.

-Гвардиола беше интелигентен, а кога пристигна ја стави дисциплината и неговиот квалитет како менаџер во неа и продолжи да го гради најдобриот тим што некогаш сум го видел во мојот живот. Беше паметен, знаеше да не губи време на други работи, -порача спортскиот директор на каталонците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни