Поврзете се со нас

Шпанија

Деко најави огромни промени: Методот на Барса е исцрпен!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Деко пристигна во Барселона во ситуацијата кога клубот се наоѓа во навистина критична фаза на финансиски план, но текот на оваа сезона покажа дека во прашање се доведува и спортскиот проект кој може да доживее фијаско доколку се заврши без освоена титула.

Барселона игра доста лошо во последно време и не изгледа како тим кој може да се бори за трофеј до крајот на сезоната, особено поради фактот што заостанува многу во Ла Лига, но и поради тоа што нема добро искуство во Лигата на шампионите во изминатите неколку години.

Спортскиот директор Деко минатата недела призна дека останал изненаден од Чави и не очекувал негово заминување, но во период кога веќе ја процесира таквата одлука, од родната Португалија испорача изјава која најавува големи промени за наредната сезона.

– Новиот правец кој треба да го одбереме ќе биде клучен и фундаментален за иднината на Барселона. Претседателот Лапорта се согласува со мене и заедно сме на иста бранова должина. Потребна е длабока и огромна промена во Барселона. Методот на Барса кој се практикува со години е исрцпен и треба да се тргне во друг правец, – гласи поразителната анализа на Деко во интервјуто за португалски „Насер до Сол“.

– Ќе треба да пронајдеме тренер кој ќе раскрсти со минатото и ќе отвори еден нов хоризонт. Потребна ни е нова парадигма во клубот, имаме сериозни финансиски проблеми и треба да работиме со лимитирани ресурси. Бев свесен кога дојдов и затоа сум тука, сакам да и помогнам на Барселона, – додава Деко.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни