Шпанија
Деко ја посочи најголемата грешка која ја направила Барселона на промоцијата како директор

Деко денеска ја доживеа својата промоција како нов спортски директор на Барселона, а со оглед на одговорноста која ја носи оваа функција, легендарниот Португалец реши да направи и анализа за она што се правело погрешно во минатото.
Поранешниот играч за врска се обиде да објасни зошто Барселона не ужива толку добри резултати на европско ниво во последните неколку години, односно заклучи дека тоа е производ на погрешната транзиција која ја направила претходната гарнитура пред доаѓањето на Жоан Лапорта.
Новиот спортски директор посочи дека Барселона непотребно задржала неколку повозрасни фудбалери, а иако не именуваше никого, јасно алудира на тоа дека целта на новата управа е да се потпре на млади сили.
– Мојата фудбалска идеја секогаш била во ист поглед како оној на Барселона. Сакам да се игра убав фудбал, да се има посед. Кога гледам фудбалски меч, сакам да видам квалитет и талент. Во фудбалот, многу е важно да се препознае периодот за транзиција.
– Барселона е победнички тим и ги имаше најдобрите години во историјата по моето заминување и она на Роналдињо. Таа генерација направи историја, но транзициите секогаш се тешки, а тимовите не се вечни. Сметам дека транзицијата не се направи добро и како што треба. Се задоцни со отстранување на играчи кои имаа одредена возраст и затоа тимот забележа пад.
– Беше потребно време за да сфатиме и да реагираме, но сега клубот се враќа на вистинскиот пат. Целта на клубот е да се остваруваат победи. Сакаме да имаме компетитивен тим и единствена цел е победа, – посочи Деко.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)