Поврзете се со нас

Шпанија

Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Раководството на Барселона веќе работи на засилувањата за следната сезона, а еден од приоритетите е докажан и искусен дефанзивец.

Спортскиот директор Деко веќе остварил важна средба со Пини Захави, познатиот агент кој во случајов го застапува Џонатан Та од редовите на Баер Леверкузен.

Познато е дека договорот на Та со бундеслигашот истекува по крајот на сезоната и тоа го прави германскиот репрезентативец уште попривлечен за клубовите, па во битката за неговиот потпис наводно беа вклучени и италијански и англиски клубови, како и Баерн Минхен.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека по вчерашната средба на Деко и Захави, Та е многу поблиску до трансфер во Барса и соработка со неговиот сонародник Ханси Флик.

Та е член на Баер од 2015 година и остави одличен впечаток со своите настапи последниот период, но „фармацевтите“ не успеаја да го убедат да потпише нов договор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни