Шпанија
Деко ги откри првите планови за јануарскиот и летниот преоден рок

Легендарниот Деко го замени Матеу Алемани и сега е најодговорно лице за спортскиот проект на Барселона, па тоа прави да биде посебно важен за политиката која ќе ја води клубот на трансфер пазарот.
Барселона успеа да издејствува неколку важни трансфери на крајот од летниот преоден рок и го засили тимот на Чави, а иако краткорочните планови се доста скромни, оперативецот на каталонскиот гигант откри дека од плановите за јануари и јуни и јули.
Деко максимално стои зад проектот кој го води Чави и му дава безрезервна поддршка на поранешниот соиграч, но во последното обраќање најави дека ќе направи се за да ги задржи и своите сонародници на „Камп Ноу“.
– Немаме ни ронка сомнеж во работата на Чави. Како да се сомневаме во некој кој прифати проект во најтежок момент. Не треба да заборавиме дека го загубивме најдобриот играч во историјата и дека останавме без неповторлива генерација на играчи како Бускетс, Алба и Пике. Цел тој процес е тежок за управување, а Чави успеа да го направи тоа.
– Планот со Жоао Феликс и Жоао Кансело е да останат со нас и по крајот на оваа сезона. Сакаме да бидат дел од нас и следната сезона, сметаме дека можат да бидат многу важни за тимот.
– Јануари? Витор Роке е опција за јануари. Ако успееме да ги исполниме барањата на Ла Лига и да одговориме на фер-плејот, ќе го комплетираме тој трансфер. Клубот работи на тоа, но верувам дека ќе успееме. Мислам дека имаме тим за да се бориме за сите титули, – изјави Деко во интервјуто за „RAC1“.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 17 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата