Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дејвис: Веспрем е фаворит и го има вториот најдобар голман во ЛШ, но мислиме само на победа

Објавено

на

Ракометарите на Вардар претрпе незгоден удар во домашното првенство откако загубија од Еурофарм Пелистер на домашен терен, но желбата на „вардарци“ е брзо да се рехабилитираат бидејќи за два дена ќе има нов ракометен спектакл во „Јане Сандански“.

Македонскиот првак на најдобар можен начин ја затвори групната фаза во Лигата на шампионите и се пласираше во осминафиналето, рунда во која противник на Вардар ќе биде добар познаник од минатото.

Веспрем често добиваше лекции до Вардар во Европа, но во пресрет на новиот двомеч, унгарскиот тим влегува со фаворитска улога и тоа го потенцираше и Дејвис, човекот кој сега е тренер на „црвено-црните“, а кој до неодамна го тренираше противникот.

– За мене е полесно да ја разберам играта на Веспрем, бев тренер на овој тим, но тоа може да нема големо значење на теренот. Се работи за многу силен тим со добри индивидуалци. Го имаас Коралес, тој е втор најдобар голман во Лигата на шампионите оваа сезона и влегуваат како фаворити. Сепак, ние играме на домашен терен и ветуваме борба. Мислиме само на победа на овој прв меч.

– Очекувам поразличен меч од оној со Пелистер. Сите знаеме дека постои разлика кога играте во домашно првенство и кога се игра Лига на шампиони, не може да се прави споредба меѓу тие две натпреварувања. Веќе не мислиме на поразот од Пелистер, во мислите ни е Веспрем и насочени сме на новиот предизвик во Лигата на шампиони. Мора да бидеме добри и концентирани во одбрана цели 60 минути, да ги минимализираме грешките во напад, – изјави тренерот Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни