Поврзете се со нас

Македонија

Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“

Објавено

на

Давид Дејвис го врати натпреварувачкиот дух во Вардар откако го презема тимот на средина на сезоната, па благодарение на тактичките замисли и хемијата која ја створи, „црвено-црните“ денеска одново победија на клучен меч против Еурофарм Пелистер.

Ривалството меѓу Вардар и Пелистер е добро за македонскиот ракомет, но откако актуелниот првак победи на гостувањето во Битола во битката за титулата во домашното првенство, денеска режираше и спектакуларен пресврт во Купот. Вардар го „украде“ трофејот во Кавадарци на натпревар на кој губеше со пет гола разлика во вториот дел, а тренерот Дејвис даде најдобра изјава за да го опише кам-бекот на својот тим.

Дејвис порача дека овој тим на Вардар има „кохонес“, што во превод на шпански значи дека тимот има мадиња.

– Честитки за Пелистер и за Бабиќ, навистина многу го почитувам како тренер. Тоа е првото што сакам да го кажам, а второ е дека атмосферата денеска беше многу добра. Се играше одличен ракомет и сите уживаа во натпреварот.

– Ова беше типичен натпревар за Куп пресметка, со менување на моментумот. Прво тие беа подобри, а на крајот ние. Не можам да кажам зошто победивме, но мислам дека беше клучно тоа што верувавме во победа и кога имавме пет гола негатива. Покажавме дека овој тим на Вардар има „кохонес“, – изјави Дејвис на пресот по триумфот од 23:22 кој беше заокружен со гол на Талески во последните секунди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни