Поврзете се со нас

НБА

Дејвис со монструозно издание до НБА историја, Убре и ДиВинченцо режираа боречки зафат во Њујорк (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Неделната НБА програма понуди четири натпревари во раните утрински часови, а истата беше затворена со најинтересната пресметка меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота.

Гостите долго време беа прва екипа на Западот и импресионираа со својата игра, но рано утрово го претрпеа вториот пораз во низа и сега паднаа на третото место, додека Лејкерс е се поблиску до осигурување на плеј-ин, но со ваква форма, може да дојде и до директно место во плејофот.

„Езерџиите“ рано утрово беа предводени од својот најдобар двоец и победија со 120:109, но сепак посебно до израз дојде историската партија на Ентони Дејвис.

Фантастичната ѕвезда на Лејкерс го заврши мечот со 27 поени и рекордни 25 скокови оваа сезона, но исто така нестварниот учинок го надогради и со 5 асистенции, 7 украдени топки и 3 блокади.

Со ова, Ентони стана првиот играч во НБА историјата кој на еден меч запишал повеќе од 25 поени и 25 скокови, како и 5 најмалку 5 асистенции и украдени топки на еден натпревар.

Во блескавото издание имаше поддршка и од Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 29 поени, 8 скокови и 9 асистенции.

На останатите паркети, вреди да се напомене дека Њујорк и Филаделфија одиграа исклучително тврд натпревар кој им припадна на „сиксерси“ со резултат 73:79, а имаше и завршна драма во која Убре и ДиВинченцо режираа боречки зафат на паркетот. Страстите зовреа и останатите играчи спречија поголем инцидент, а судиите го решија овој проблем со технички за ДиВинченцо, Хартенштајн и Рид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни