Поврзете се со нас

НБА

Дејвис се повреди во спектакуларното деби за Далас, Јокиќ и Мареј ги „згаснаа“ сонцата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Ентони Дејвис имаше спектакуларно деби како играч на Далас и уште еднаш потврди за каква класа од играч станува збор, но за жал премиерниот меч беше зачинет и со повреда.

Откако избрилјира и издоминира на паркетот, Дејвис се повреди при една акција во која немаше контакт со ниту еден противнички играч, па така по 31 минута замина предвреме во соблекувалната.

Овој момент го расипа впечатокот во неговото блескаво деби во кое запиша 26 поени, 16 скокови и 7 асистенции, учинок со кој му помогна на Далас комфорно да слави над Хјустон со 116:105.

Покрај Дејвис, одличен беше и Кристи со 23 поени, додека во редовите на Хјустон се истакна Шенгун со 30 поени.

Победа оствари и ЛА Лејкерс кој ја совлада Индијана со 124:117 во меч во кој доминираше Ривс со 45 поени, додека победничката серија ја продолжи и Денвер.

Нагетси стигнаа до шести триумф во низа, а Никола Јокиќ и Џамал Мареј беа инспиратори на новиот успех на гостувањето кај Феникс. „Сонцата“ беа згаснати од извонредниот тандем на Нагетси, кој заедно уфрли 56 поени. Мареј беше најдобар поентер на паркетот со 30 поени, додека Јокиќ го заврши мечот со 26 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни