Поврзете се со нас

НБА

Дејвис се обиде да го постеризира Јокиќ, Србинот го неутрализираше со школска одбрана (Видео)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата порази во НБА лигата и оствари важен триумф во дерби пресметката со Денвер, победа која има поголемо значење ако се знае дека „езерџиите“ повторно беа без Леброн Џејмс.

По серијата лоши резултати, Лејкерси се доведоа во ситуација да се борат за директен влез во плејофот во регуларниот дел од сезоната, па откако Леброн вчера јасно го искажа гневот за новото правило, утрово не се појави на теренот поради ситни проблеми со повредата на зглобот.

Неговите соиграчи го победија Денвер со 93:89, натпревар на кој најдобар во редовите на домашниот тим беше Ентони Дејвис, кој во раната фаза на натпреварот се обиде и да го понижи Никола Јокиќ.

„Веѓата“ се обиде да го постеризира српскиот кошаркар, но овој остана мирен како лед, а обидот на ѕвездата на Лејкерс заврши неуспешно.

Инаку и двајцата беа убедливо најдобри поединци во своите редови, бидејќи Јокиќ мечот го заврши со 32 поени, 9 скокови и 5 асистенции, а Дејвис забележа 25 поени и 7 скокови.

НБА резултати:

Детроит – Орландо 112:119
Вашингтон – Индијана 154:141
Њу Орлеанс – Голден стејт 108:123
Атланта – Портланд 123:114
Чикаго – Филаделфија 94:106
Мемфис – Њујорк 104:118
ЛА Лејкерс – Денвер 93:89
Јута – Сан Антонио 110:99

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни