Поврзете се со нас

НБА

Дејвис се „исклучи“ кога беше најпотребно, Клебер го сруши Лејкерс со звукот на сирената (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс жестоко се бори да влезе во плејофот или во плеј-ин фазата во НБА лигата, па секој триумф им е повеќе од значаен особено против екипи кои се нивни директни ривали како што е Далас Маверикс кој и без услугите на Лука Дончиќ успеа да ги сруши „езерџиите“ во нивниот дом во „Крипто.ком арена“.

Имено домаќините беа пред триумф, но првата ѕвезда (во остсуство на Леброн Џејмс) Дејвис направи многу погрешни потези во последните секунди од дуелот. Лејкерс водеше со 109-105 кога на 7,2 секунди до крајот Дејвис го фаулираше Клебер при удар за три поени.

Германецот ги реализираше трите пенали и Далас дојде на негатива од еден кош. Потоа Ентони беше фаулиран, ама реализираше само едно од двете слободни фрлања што му остави доволно време на гостинот (6,7 секунди) да го има последниот збор во Калифорнија.

Сите очекуваа Ирвинг да завршува, меѓутоа плејмејкерот беше добро чуван по што испрати топка до Клебер кој погоди тројка со звукот на сирената за славје на Маверикс од 111-110. И во оваа ситуација Дејвис доцнеше со реакцијата, му остави многу простор на Германецот, па дефинитивно „веѓата“ е трагичар на натпреварот.

Далас сега има учинок 36-35 и е на 6 место на Западот. Ирвинг со 38 поени беше прв стрелец, кај поразените споменатиот Дејвис имаше дабл-дабл до 26 поени и 10 скокови.

НБА, резултати
Шарлот Хорнетс – Филаделфија Севентисиксерс 82:121
Атланта Хокс – Голден Стејт Вориорс 127:119
Кливленд Кавалирс – Вашингтон Визардс 139:131
Хјустон Рокетс – Њу Орлеанс Пеликанс 114:112
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 120:126 (прод.)
Портланд Трејлблејзерс – Бостон Селтикс 112:126
Лос Анџелес Лејкерс – Далас Маверикс 110:111
Чикаго Булс-Минесота Тимбервулвс 139-131 (прод.)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни