Поврзете се со нас

Македонија

Дејвис: Ривалството меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е како она меѓу Порто и Бенфика

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер ослободи огромен број играчи на крајот од минатата сезона кога не беа исполнети очекувањата, па битолчани во новата сезона ќе влезат со нов проект и свежи сили.

Битолскиот великан почна да ги претставува играчите кои ќе бидат носители на новиот тим, па по Лесјак, денеска беше промовиран и Вилсон Дејвис кој е поранешен неколкукратен шампион на Португалија.

– Шансата да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер кој ми кажуваше за идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните титули. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб. За мене е задоволство и голем предизвик што сум во Еурофарм Пелистер.

– Клубот има големи амбиции, сака да освојува титули, да биде градот среќен, бидејќи 18 години е без титула. Веќе нестрпливо сакам да играм и да освојувам трофеи пред нашите навивачи. Имаме искусна екипа и млади момци, но генерално многу квалитет има во оваа група. Добивме скандинавски тренер, со свои идеи за атрактивен ракомет. Се трча многу и се бара многу напади, но и силна одбрана, каква што е неопходна. Првите импресии ми се одлични, сите напорно работат и градиме нешто за да биде подобро.

– Немав можност многу да го видам градот, но кога излегов воочив дека луѓето ме препознаваат, го знаат ракометот. На пример пред некој ден ми пријде еден човек и ми рече: „Оваа година ја сакаме титулата“. Ќе работиме како овој човек и сите навивачи да ги задоволиме. Спремен сум на тој притисок, веќе ми кажуваа за Битола и би била голема радост да ја донесеме титулата во градот. Играв во Порто и можам да ви кажам дека ривалството со екипите од Лисабон, посебно со Бенфика, е големо. Ова ривалство меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 може да се споредува со тоа. Го видов тоа и од видео снимките од минатата сезона, – вели новото засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни