Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дејвис: Ова е важен меч за нас, сакаме победа против Елверум

Објавено

на

Екипата на Вардар групната фаза во Лигата на шампионите ќе ја заврши на домашен терен против норвешкиот претставник Елверум.

Ова е средба која за „црвено-црните“ нема резултаско значаење со оглед на обезбедениот пласман во накаут рундата, но македонскиот првак нема да калкулира и сака со победа да го заокружи овој дел од натпреварувањето и со тоа на најдобар начин да го најави осминафиналето против Веспрем.

-Мора да продолжиме со работа, иако сигурно сме петто место, ова за нас е ова важен меч. Елверум игра добро на гости, станува збор за добар противник на кој му требаат бодови, а за нас е шанса да видиме до каде сме. Мора да играме на победа. Имаме многу играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Ние одиме на победа, без разлика кој ќе игра, порача тренерот на вардарци Давид Дејвис Камара.

Средбата се игра во среда во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот. Првиот меч во Норвешка заврши без победник 27-27.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни