Поврзете се со нас

НБА

Дејвис нема да може да настапи на Ол-старот во Атланта, комесарот Силвер соопшти кој ќе го замени

Објавено

на

blank

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис беше избран од тренерите во НБА лигата да биде дел од резервите на Ол-стар мечот кој на 7 март ќе се одигра во Атланта, меѓутоа центарот е повреден и нема да може да настапи, па според правилата првиот човек на шампионатот, поточно комесарот бира кој ќе биде негова замена.

Адам Силвер се одлучи тоа да биде бекот на Феникс Санс, Девин Букер за кого имаше најмногу реакции за тоа зошто е изоставен од дуелот на ѕвездите, меѓутоа еве сега е тоа е поправено и ќе може да игра во пресметката меѓу тимот Леброн и тимот Дурент.

Ова за Девин ќе биде второ учество во низа на Ол-старот, а тоа го заслужи со бројките од 24.7 поени, 4.3 асистенции и 3.8 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни