Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дејвис: Нема да го потцениме Вардар, мора да ја завршиме работата

Објавено

на

Составот на Веспрем оствари убедлива победа над Вардар од 41-27 на средбата во Скопје, но без разлика на големата предност и тоа издание во таборот на унгарскиот гигант многу сериозно го сфаќаат реваншот кој е на програмата в четврток од 18:45 часот.

Тренерот Давид Дејвис Камара сака неговите момци уште еднаш на теренот да го потврдат квалитетот, знаењето, но и одличната форма во која се наоѓаат, односно воопшто немаат намера да ги потценат црвено-црните“.

-Одигравме одличен натпревар во Скопје. Мислам дека некој очекуваше толку голема предност. Најголемиот пораз на Вардар во групната фаза беше со седум голови. Сите аспекти на нашата игра беа добри: напад, одбрана, рамнотежа и контранапад. Навистина сме среќни, но нема да заспиеме. Овој меч трае 120 минути, а сега сме на само половина пат. Треба да ја завршиме работата. Ние нема да го потцениме нашиот ривал, но ќе влеземе во мечот со целосна самодоверба. Ние сакаме да се пласираме во четвртфиналето. Ние сакаме да продолжиме со оваа форма и сериозноста. Очекуваме тежок меч како во Скопје. Истото ќе го сториме и на следниот натпревар на домашен терен, -порача Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни