Поврзете се со нас

НБА

Дејвис: Можно е да имаме проблеми на почетокот на сезона

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс состави супер квалитетен тим за оваа сезона во која целта ќе биде да се врати трофејот во „Стејплс Центарот“, но клубот од Калифорнија игра многу лошо во подготвителниот период и на четири средби има четири порази.

Прво загуби од Бруклин Нетс, потоа од Феникс Санс, Голден Стејт Вориорс за да рано утрово одново доживее убедлив пораз од „сонцата“ од Аризона со 123-94. Најефикасен играч кај „езерџиите“ беше Ентони Дејвис со 19 кошеви, но токму центарот беше тој кој искрено истакна дека екипата може да се соочи со проблеми на стартот на кампањата 2021/2022.

-Сите сакаме да бидеме добри, но не можеме да ги прескокнеме чекорите. Не можете да брзате со процесот на она што се обидуваме да го направиме, а тоа е да ја освоиме титулата. Знаеме дека може да има проблеми на почетокот на сезоната. Не сакаме да започнеме бавно, со 0-5 или 0-6. Сакаме да се бориме против нашите грешки додека победуваме,- изјави Дејвис.

Лејкерс овој период за „загревање“ ќе го заврши со дуелите против Голден Стејт и Сакраменто Кингс за да сезоната ја отвори на 20 октомври против „воините“ во Лос Анџелес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни