Дејвис Куп: Србија без Ѓоковиќ, Австралија без Кокинакис

EPA/SRDJAN SUKIEPA/SRDJAN SUKI

Австралискиот медиум ,,Сиднеј Морнинг Хералд” излезе со информација дека Лејтон Хјуит, селекторот на Дејвис Куп репрезентацијата на Австралија, го изоставил од списокот на репрезентацијата, Танаси Кокинакис и на негово место го повикал Џон Милман во полуфиналето против Белгија во Дејвис Купот кој ќе се одржи престојниот викенд во Брисел. Причината се уште не е разјаснета околу неговото изоставување, но сепак се знае дека тој подолго време влече стара повреда. Околу целата ситуација, со свој став излезе и 21-годишниот Кокинакис.

– Јас сум подготвен да играм, ама на крај тоа е нивна одлука – изјави Кокинакис.

Покрај Милман, од останатите играчи во тимот се Кирјос, кој ќе игра во сингл и во ,,дубл” Пер и Томсон.

Останатиот полуфинален меч е меѓу Франција и Србија. Новак Ѓоковиќ нема да игра, а тимот на Србија го сочинуваат Лајовиќ и Џере во сингл и Крајиновиќ и Зимоњиќ во ,,дубл’’.

Facebook Коментари