Поврзете се со нас

Дејвис куп

Дејвис Куп: Македонија не успеа да го изненади домаќинот Црна Гора

Објавено

на

Македонската тениска Дејвис куп репрезентација го започна настапот во Улцињ со убедлив пораз од домашната селекција на Црна Гора.

Нашите тенисери се дел од Третата евро-африканска зона во Дејвис купот, а денеска не можеа да направат нешто повеќе против Црногорците, кои го добија дуелот од првото коло со максимални 3:0.

Соочувањето започна со пораз на Берк Бугариќ од Петар Јовановиќ со 2:0 во сетови, а со истиот резултат и Шендрит Деари загубил од Резарт Чунгу.

Најблиску до победа бевме во дубл, каде Димитар Грабул и Амар Хусеиновиќ имаа сет предност и 4:1 во третиот сет, но на крајот загубија од двојката Кнежевиќ-Самарџиќ.

Следен противник на Македонија е Словенија, а мечевите се закажани за утре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни