Поврзете се со нас

Дејвис куп

Дејвис Куп магија: Алкарас го освои поенот на годината и ги крена на нозе фановите во Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/atptour

Шпанската Дејвис Куп репрезентација се бори да влезе во финалната фаза на ова натпреварување, а денеска „фуријата“ направи еден чекор напред кон остварување на оваа цел.

Шпанија ја победи Чешка и веќе по два одиграни дуели стана јасно дека слави победа, откако најпрво славеше искусниот Роберто Баутиста Агут, но потоа и Карлос Алкарас.

Агут беше подобар од Лечехка со 7:6 и 6:4, додека Алкарас го загуби првиот сет во тајбрејкот од Махач, пред да почне да го игра најдобриот тенис.

Светскиот рекет број три изигра извонреден втор сет и славеше со 6:1, период во кој режираше и вистинска магија која ќе конкурира за поен на годината.

Алкарас го залепи топчето со бекхенд „стоп-волеј“ и освои поен од кој застанува здивот, па сосема очекувано, неговиот потег ја крена на нозе публиката во Валенсија.

За жал, фановите во овој град останаа пократки за возбудувања во третиот сет, бидејќи Махах предаде поради потешка повреда на задната ложа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни