Дејвис Куп: Луксембург ни застана на патот кон Втората Евро-африканска зона

mk

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија не успеа да обезбеди пласман во Втората Евро-африканска зона.

Тимот предводен од капитенот Дејан Маринковиќ не излезе на крај со Луксембург, односно пропуштивме голема шанса да направиме еден исчекор и да дојдеме до таа Втората Евроафриканска Зона во која за последен пат настапувавме во 2010 година.

Македонија загуби со 2-1, Настаси го донесе првиот поен за Луксембург со триумфот над Грабул за да потоа Јотовски го реши Тол.

Потоа се мина на решавакчката битка во двојки каде по три сета (5-7, 6-4, 2-6) подобри беа Кнаф и Настаси од Јотовски и Грабул.

Facebook Коментари