Поврзете се со нас

НБА

Дејвис извика „КОБИ“ по лудата тројка со звукот на сирената: Духот на Брајант се уште живее во НБА (Видео)

Објавено

на

blank

Ентони Дејвис беше херој и на вториот меч во финалната серија на Западот, по која Лос Анџелес Лејкерс поведе со 2:0 и направи голем исчекор кон пласман во големото НБА финале.

Откако на првиот меч беше најдобар со 37 постигнати поени, Дејвис изминатава вечер уфрли 31, но последната негова тројка всушност ги фрли во очај играчите на Денвер кои претходно се вратија од голема негатива. Нагетски имаа водство од 103:102 на две секунди пред крајот, но во завршниот обид, за нив следеше фаталниот обид на Дејвис.

„Веѓата“ постигна фантастична тројка и ги предизвика многу емоции кај сите свои соиграчи, но истовремено ги воодушеви и сите НБА фанови со крикот веднаш по тројката.

Дејвис извика „КОБИ“ во ситуација кога постигна клучен кош за победа во стилот на легендата на Лос Анџелес Лејкерс, па целокупната јавност во Америка го нарече „Мамба кош“ потегот за триумф на Ентони.

– Тоа што го направив вечерва, носејќи го овој дрес, ги правите работите уште поспецијални, – порача Дејвис кој потврди дека извикал „КОБИ“.

– Сите играчи се чувстуваме поразлично кога го носиме токму овој дрес. Кога го носиме овој дрес, ние го претставуваме Коби, особено кога го носиме овој дрес кој го носевме вечерва. Ова е дресот кој тој го креираше, секогаш кога го носиме, гладни сме за победа, – порача херојот Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни