Поврзете се со нас

НБА

Дејвис испорача страшен дабл-дабл, Лејкерс се први освојувачи на НБА купот

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс имаше контрола на резултатот во текот на целото финале на првото издание на НБА купот и заслужено ја победи Индијана (123:109) во Лас Вегас.

Новото натпреварување меѓу НБА екипите донесе и дополнителен мотив за дел од големите ѕвезди, а тоа посебно важи за Ентони Дејвис и ЛеБрон Џејмс.

Дејвис доминираше во рекетот и имаше најголем придонес за победата во финалето, кое го заврши со 41 поен и 20 скокови, a на тоа додаде и 5 асистенции и 4 блокади.

Џејмс уфрли 24 поени, а одличен во првото полувреме беше и Остин Ривс, кој го заврши дуелот со 28 поени.

Халибартон со 20 поени беше најдобар реализатор во редовите на Индијана, екипата која немаше решение за играта во рекетот на Лејкерс.

Со ваков епилог, тимот од Ел-Еј стана прв освојувач на НБА купот, додека Џејмс е прогласен за МВП на целиот турнир.

За разлика од претходните дуели од турнирот, резултатот и статистиката на играчите од финалето не влегуваат во завршната табела и пресметка на индивидуалните постигнувања на НБА првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни