Поврзете се со нас

НБА

Дејвис ги запали навивачите на Лејкерс: Сега имаме поголеми шанси за освојување на титулата

Објавено

на

blank

На крајот на овој месец ќе се вратат возбудувањата во НБА лигата и тоа со турнир во Орландо во кој ќе учествуваат 22 екипи кои ќе одиграат неколку мечеви од регуларниот дел од сезоната по што ќе се премине на плејофот и разигрувањето за пехарот.

Секако неколку екипи се издвојуваат како фаворити за титулата, а една од нив дефинитивно е Лос Анџелес Лејкерс, тим кој пред прекинот на кампањата поради коронавирусот беше на првото место во Западната конференција.

„Езерџиите“ за турнирот во Орландо нема да можат да сметаат на Ејвери Бредли, а виси и настапот на Двајт Хауард кој треба официјално да се изјасни, но без разлика на сето ова крилниот центар Ентони Дејвис е оптимист и верува дека сега шансите на Лејкерс за титулата се многу поголеми по „одморот“ од неколку месеци.

-Искрено, мислам дека нашите шанси сега се поголеми затоа што сме одморени и подготвени за акција. Нашите шанси се зголемија и сега ќе биде за тоа кој повеќе го посакува трофејот.

-Беше добро за мене да се ослободам, закренам од некои повреди и да бидам мојата најдобра верзија. Се чувствувам 100 проценти здраво. Не чувствувам, јас сум 100 проценти подготвен. Чувствувам оти сум подготвен, подготвен за акција, -истакна Дејвис.

Лејкерс чека на титула во НБА лигата од 2010 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни