Поврзете се со нас

НБА

Дејвис бил истролан од својата сопруга за киксот во финишот против Сакраменто

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс утринава го доби дуелот со Сакраменто во НБА лигата, но Ентони Дејвис уште долго ќе памети еден момент од самата завршница на дуелот.

Лејкерс имаа предност од два поена на 12,1 секунди до крајот, а Дејвис доби подарок од домаќините со непотребен прекршок за две слободни фрлања.

Нивната реализација ќе го потврдеа победникот, но центарот ги промаши и двете, што можеше да донесе сериозен проблем за Лејкерс во завршните секунди.

Сепак, Руи Хачимура со офанзивен скок ја собра топката и обезбеди нов напад, па Лејкерс на крајот сепак ја потврдија важната победа.

По натпреварот, Дејвис им признал на новинарите дека бил истролан од својата сопруга.

– Навистина го ценам она што го направи Руи во финишот. Дури и сопругата ми се јави и ми кажа дека Руи ме спасил. Поради тоа се чувствувам уште полошо, – рекол центарот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни