Поврзете се со нас

НБА

„Дејм-тајм“: Лилард со неверојатна тројка со звукот на сирената ги шокираше играчите на Сакраменто (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bucks

НБА програмата беше доста скромна рано утрово, но истата сепак ни донесе еден спектакуларен дерби натпревар на кој видовме речиси 300 поени.

Милвоки Бакс и Сакраменто Кингс потврдија дека се едни од најразиграните тимови во овој момент, па на нивниот дуел мораше да се игра и продолжение за да се дознае победникот.

Во регуларниот дел од мечот, Сакраменто со поените на Фокс се избори за продолжение (128:128), но во дополнителните пет минути игра последниот збор го имаше Демијан Лилард.

Големото летно засилување за Милвоки уште еднаш го презентираше својот најдобар специјалитет, односно постигна неверојатна тројка со звукот на сирената кога сите мислеа дека победник е Сакраменто.

Лилард набрзина си организираше сам акција и ја презема одговорноста, па со звукот на сирената погоди на извонреден начин за 143:142 и ги шокираше противниците кои се фаќаа за глава.

Со тие три поени, Лилард стигна до вкупно 29 и беше најдобар поентер во својот тим, додека на спротивната страна Фокс уфрли 32.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни