Поврзете се со нас

Англија

Дефинитивно тој е најдобар за него: Лук Шо го откри најдобриот тренер со кој работел во кариерата

Објавено

на

blank

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо оваа сезона ја игра можеби најдобрата година во својата кариера откако блеска во дресот на „ѓаволите“.

Левиот бек со своите настапи веројатно ќе си добие повик и за репрезентативните настапи на Англија, а доколку продолжи вака за него сигурно ќе има место во тимот за Европското првенство.

Шо во моментов е играчот кој од левата бековска позиција упатил најмногу шанси за гол во Премиер лигата, а на вчерашниот натпревар против Челси видовме дека сега е и пожртвуван за секоја топка, а вниманието го привлече еден негов старт кој спречи сигурен гол на домаќинот.

По таа средба, Шо без сомнеж откри дека Оле Гунар Солскјер е најдобриот тренер со кој тој работел досега во својата кариера.

– Кој е најдобриот менаџер под кој играв? Без сомнеж, Оле Гунар Солскјер. Тој слуша, разбира и ме научи многу повеќе од другите менаџери, -изјави Лук Шо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни