Поврзете се со нас

Германија

Дефинитивно: Репрезентативецот Чурлинов бега од островот и се враќа во Германија

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов е на добар пат да ја промени клупската средина во овој зимски преоден рок, поточно да си замине од Барнли и се пресели во клуб во кој треба да добие далеку поголема шанса и минутажа.

Имено нашиот офанзивец е пред преселба во Германија, односно кам-бек во составот на Шалке 04. Новинарот Флоријан Платенберг информира дека постигнат е договор според кој Дарко оди во Гелзенкирхен на позајмица до крајот на сезоната.

Според зделката Шалке може да го откупи Македонецот на крајот на кампањата за околу 3,5 милиони евра.

Медицинските прегледи се закажани за в недела и ако се биде како што треба 23-годишниот Дарко ќе го облечи дресот на германскиот второлигаш, клуб за кој веќе настапуваше во сезоната 2021/2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни