Поврзете се со нас

Репрезентација

Дефинитивна одлука: Кошаркарките остануваат во самоизолација, ништо од турнирот во Рига

Објавено

на

Најсилната женска кошаркарска репрезентација и дефинитивно нема да отпатува за Рига и нема да биде дел од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство, откако пристигна официјална информација дека нема никакви услови да настапи во „балонот“ откако беа детектирани два позитивни случаи на Ковид 19.

Вчера беше соопштено дека два члена од стручниот штаб се позитивни на коронавирус и поради тоа сити кошаркарки ќе мора да минат период на изолација, па во такви услови, беше јасно дека патувањето за главниот град во Летонија е невозможна мисија.

Македонската Федерација беше во постојан контакт со ФИБА и ова попладне пристигнала информација дека Македонија нема да биде дел од „меурот“ во кој уште се селекциите на Летонија и Хрватска.

– Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата.

– Како одговорна федерација, ние секојдневно ќе ја следиме состојбата на сите членови на нашата женска селекција, – изјави генералниот секретар, Владимир Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни