Поврзете се со нас

Франција

Дефанзивна акција на годината: Повредениот Кимпембе истрча неверојатен спринт и се справи со четири играчи на Лил! (Видео)

Објавено

на

Томас Тухел беше посебно импресиониоран од целокупното издание на Маркињос и го испофали својот капитен по крајот на мечот со Лил, но дефинитивно, тренерот на ПСЖ мора да биде горд и на уште еден свој дефанзивец, Преснел Кимпембе.

Додека германскиот стручњак нагласуваше дека партијата на Маркињос треба да биде снимена и анализирана за „Златна топка“, цела фудбалска Франција зборува за акцијата од 80-та минута, кога дури четири играчи на Лил се најдоа во контра напад против еден играч на ПСЖ.

Тоа беше Преснел Кимпембе, а стоперот на ПСЖ се погрижи да ја видиме дефанзивната реакција на годината со еден спектакуларен старт, кој има уште поголемо значење поради неверојатната пожртвуваност на дефанзивецот.

Имено, Кимпембе успеа да го доработи спринтот и покрај тоа што беше очигледно дека е повреден, па откако успеа да стартува чисто на топка, играта беше прекината и тој беше изваден од игра.

Оваа акција сигурно ќе го чини пауза на одредено време, но истата му донесе безброј симпатизери меѓу фановите на ПСЖ. Инаку, ова се случи при резултат 0:0, па јасно е дека Кимпембе спречи пораз за ПСЖ во дадената ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни