Поврзете се со нас

Шпанија

Дефанзивецот во кој не веруваше Пеп слета во Италија, следи потпис со Рома (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Животниот пат на еден фудбалер може да донесе многу епизоди и доста различни станици, а таков дефинитивно е случајот со Анхелињо кој ќе настапи и за четврти клуб во последните 12 месеци.

Шпанскиот лев бек не успеа да се избори за место во Ред Бул Лајпциг и покрај тоа што имаше две извонредни сезони во германскиот бундеслигаш, па откако минатата сезона ја мина на позајмица во Хофенхајм, првиот дел од тековната сезона го мина во Галатасарај.

Анхелињо својата кариера ја почна во Манчестер Сити и имаше две етапи во клубот, но после низа позајмици, Пеп Гвардиола на крајот пресуди дека тој не е доволно добар за неговиот тим.

Ако се земе во предвид дека Анхелињо смени многу клубови изминативе години, прогнозата на Пеп може да се каже дека беше точна, но Шпанецот сега ќе добие нова шанса да се докаже на елитно ниво.

Левиот бек ова попладне пристигна на аеродромот во Рим како што очекуваа сите новинари од Италија, па во текот на денот ќе следи потпис и промоција во Рома.

„Волчицата“ го ангажира дефанзивецот до крајот на сезоната, а ќе задржи и право да го откупи за 5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни