Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот се враќа во Скопје: Брдаровски се договори со Шкупи

Објавено

на

Лидерот во домашниот фудбалски шампионат тимот на Шкупи го претстави најновото засилување, а тоа е Владица Брдаровски.

Брдаровски се враќа во Македонија и тоа откако минатата кампања ја мина во Косова каде играше за Дрита, тим за кој настапи на 22 натпревари. Десниот бек потпиша едногодишен договор со клубот од Чаир и треба да биде значајна опција во составот предводен од Гоце Седлоски.

Ова за него воедно е враќање во нашиот главен град со оглед на тоа што претходно играше за Работнички и Вардар.

Во неговата кариера има запишано натпревари уште во дресот на Пелистер, Брно и унгарски Ѓер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни