Дефанзивецот на Монако доби жестока казна откако неспортски удри противнички играч (Видео)

raggi_foto_getty

Италијанскиот дефанзивец и член на Монако, Андреа Раги заработи казна од пет меча по црвениот картон кој го доби на средбата против Рен.

Раги на тој натпревар неспортски го удри поранешниот фудбалер на Рома и Лион, Клемен Грение и сосема заслужено доби директен црвен картон.

Од Лига 1 по прегледувањето на снимката и по деталните анализи се одлучија да му врачат казна од цели пет натпревари.

Инаку Монако и на натпреварот против Рен ја продолжи катастрофалната серија запишувајќи го третиот пораз во низа. Клубот од Кнежевството се наоѓа во опасната зона на табелата, на 18. позиција.

Facebook Коментари