Поврзете се со нас

Шпанија

Дефанзивецот на Мајорка му удри глава на свој соиграч по вториот гол на Барселона (Видео)

Објавено

на

Мајорка одлично парираше едно полувреме против Барселона и имаше активни 1:1, но тимот од Балеарските Острови целосно се распадна во вторите 45 минути во кои прими дури четири гола.

Потопот на домаќините беше најавен со пеналот кој го направи Мохика над Ламин Јамал на стартот на второто полувреме, а токму овој момент ни ја донесе и најбизарната ситуација на натпреварот.

Еден од соиграчите на Мајорка очигледно имаше забелешки за невнимателниот старт кој го направи Мохика во акцијата за пеналот, по што следеше агресивен испад од левиот бек.

Мохика му удри глава и му викаше во лице на Морланес, а потоа го удри и со тупаница во пределот на раката.

Шпанскиот судиски експерт Итуралде Гонзалес смета дека Мохика за овој испад требал да биде казнет од судиите, односно нагласи дека ВАР требал да се вклучи и да сугерира за покажување црвен картон.

Моментот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни