Поврзете се со нас

Англија

Дефанзивецот на Ливерпул промовираше своја автобиографија, Арнолд издоминира со сеирот на Твитер (Фото)

Објавено

на

По трансферот во Ливерпул и благодарение на довербата која ја доби од Јирген Клоп, Енди Робертсон се претвори во еден од најдобрите бекови во светот, а како играч кој во две години ја освои Лигата на шампионите и Премиер лигата, дефанзивецот почувствува потреба да изработи своја сопствена автобиографија.

Шкотланѓанецот и официјално ја промовираше својата книга насловена „Сега ќе верувате во нас“, а која брзо стана хит и меѓу неговите соиграчи и менаџерот Јирген Клоп.

Германскиот стручњак веќе се пофали дека започнал со читање на делото на неговиот фудбалер, но ако Јирген беше сериозен, неговиот колега од спротивната страна му фати голем сеир.

Трент Александер Арнолд игра на десната бековска позиција и како добар пријател со Робертсон често се „пецнуваат“ на социјалните мрежи, а сега дефанзивецот на Ливерпул ни откри како го изненадил соиграчот по повод автобиографијата која е пуштена во продажба.

– Правам се за да му помогнам на Робо да ги продава книгите, – порача Арнолд кој го наполнил својот автомобил до врв со купени книги од својот соиграч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни