Англија
Дефанзивецот на Јунајтед призна дека може да направи трансфер: Не играм онолку колку што треба да играм

Ерик Тен Хаг направи комплетен преглед и анализа на сите фудбалери кои ги имаше во Манчестер Јунајтед и ги засили позициите кои ги посочи како приоритетни, а тоа вроди со плод по само неколку месеци работа и неговиот тим изгледа далеку подобро од она што можеше да се замисли.
Холандскиот стручњак донесе и неколку тешки одлуки и го седна на клупа капитенот Хари Мегваер, но и неговиот стандарден колега на стоперските позиции од минатите сезони, Виктор Линделоф.
Швеѓанецот никогаш не се етаблираше како сигурен стопер на кој може да се потпрат соиграчите во секое време, па поради тоа, Тен Хаг го ангажираше Лисандро Мартинез, кој брзо воодушеви во Премиер лигата и покрај тоа што има специфични карактеристики кои не се вообичаени за играчите во англискиот фудбал.
Линделоф западна во втор и трет план оваа сезона, па враќањето во својата Шведска го искористи за интервју преку кое призна дека може да разгледува трансфер претстојново лето.
– Секој играч сака да игра, сакам да играм на секој меч, но не го правам тоа. Не играм онолку колку што сакам да играм, но се уште не сум размислувам за правење трансфер. Сега сум фокусиран на националниот тим, а потоа ќе се фокусирам на завршницата на сезоната. Кога ќе дојде лето, ќе размислиме за се и ќе видиме што е најдобро за мене и мојата иднина, – изјави Линделоф.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)