Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дефанзивецот на Интер убеден: Имаме се што е потребно за да го победиме Сити

Објавено

на

Фото: twitter.com/Inter

Интер оствари победа над Торино и го завери третото место на табелата во Серија А, па сега максимално може да се насочи кон она што следи, најважниот натпревар во сезоната.

Тимот на Симоне Инѕаги се избори за пласман во големото финале во Лигата на шампионите откако на својот пат ги исфрли Порто, Бенфика и Милан, но сега следи најголемиот предзивик, односно битка со најразиграниот тим во светот.

Манчестер Сити вчера го освои ФА Купот и стигна до втората титула оваа сезона, а следната сабота сигурно ќе брка триплета и влегува како фаворит во битката со италијанскиот тим.

Токму поради тоа, многумина сметаат дека притисокот ќе биде само врз Сити, вклучувајќи ги и фудбалерите на Интер кои најавија дека ќе дадат се од себе на завршниот меч.

– Ова беше комплицирана сезона за сите, во која имавме Светско првенство на средина. Сепак, последните два-три месеци играме навистина добро и завршивме добро во Серија А.

– Горд сум што сум дел од овој тим, освоивме веќе два Купа, но тоа не е крајот. За сите нас останува сон да ја освоиме титулата во Лигата на шампиони, нема поголем меч од финалето на клупски план. Горди сме што стигнавме до таму, но сега ќе излеземе на теренот за да победиме. Се може да се случи во фудбалот, го заслуживме нашето место во финалето и имаме се што е потребно за да го победиме Сити, – вели дефанзивецот Госенс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни