Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дефанзивецот на Интер: Пред 20 години бев на трибините на „Сан Сиро“, а сега ќе имам шанса да го победам Милан

Објавено

на

Дваесет години по полуфиналето во Лигата на шампионите, судбинат посака патиштата на Интер и Милан повторно да се вкрстата во најелитното натпреварување, и тоа одново во една полуфинална фаза од турнирот.

Италија сигурно ќе добие еден финалист во најпрестижното европско натпреварување оваа сезона, а во наредните седум дена ќе дознаеме дали тоа ќе бидат „нераѕурите“, или „росонерите“.

Пред точно две децении, Милан беше поуспешен и поради гол на гостински терен патуваше во големото финале, па иако минаа премногу години за да се зборува за одмазда, еден член на Интер добро се сеќава како ги доживеал тие тешки моменти, иако бил само фан на трибините.

Федерико Димарко цел свој живот навива за Интер, па сега ќе добие шанса да игра против лутиот ривал на теренот и да ги разбуди спомените од стартот на новиот век кога имал само пет години.

– Не сакам да зборувам за одмазда, тоа беше многу одамна и треба да мислиме на иднината. Треба да мислиме на утрешниот меч, да оствариме позитивен резултат и да мислиме после на реваншот.

– Јас бев на „Сан Сиро“ на тој натпревар од 2003-та година и како фан на Интер немам добри спомени. Сепак, тоа што имав можност да бидам фан на тој меч, а сега ќе имам улога на играч, ги прави работите неверојатни за мене. Сега имам шанса да играм и да победам против Милан, – изјави Димарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни