Шпанија
Дефанзивецот на Еспањол откри каква порака му испратил на Мбапе откако го покоси со ужасен старт

Еспањол побегна од опасната зона во Ла Лига и за момент излезе од опасната зона, а тоа го направи со победа со актуелниот шпански, европски и светски шампион.
Тимот од Барселона успеа да одолее на сите напади кои ги имаше Реал Мадрид, за потоа да дочека и казна во 85-та минута по една молскавична контра која со гол ја круниса Карлос Ромеро.
Левиот бек на Еспањол беше доволно смирен за да ја спроведе топката зад грбот на Тибо Куртоа, но покрај голот, дефанзивецот се најде во прв план и поради ситуацијата во 61-та минута.
Ромеро крвнички стартуваше над Килијан Мбапе и вистинско чудо беше како не доби исклучување, но судбината посака да остане на теренот, а потоа и да му пресуди на Реал.
– Ваква победа знае да даде живот. Имавме многу добри натпревари во последно време, постојано се натпреварувавме, но сега добивме награда. Огромна благодарност до навивачите, кога играме пред нив имаме посебна енергија. Овие три бода можат да бидат круцијални за нас, ќе му биде тешко на било кој тим да освои бодови кај нас дома, – изјави левиот бек, кој на новинарите им откри и каква порака имал до Мбапе, откако Французинот остана да лежи на теренот.
– Знаев дека е невозможно да го стигнам и да го сопрам кога е залетан, па се обидов да го сопрам на било каков начин. Ќе бидам искрен, стартот беше малку грд и затоа му се извинив уште на теренот. Работата остана на тоа, немаше ништо повеќе од тоа, – порачува Ромеро.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…