Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дефанзивецот на Баерн посебно задоволен: Навистина е добро што го исфрлив Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен беше доста претпазлив во првото полувреме и се чинеше дека Арсенал е тимот кој е поблиску до премиерен гол на „Алијанц арена“, но текот на мечот се смени во вториот дел, кога во воведната фаза постоеше само еден тим на теренот.

Баварците го наметнаа своето темпо и не попуштија се до моментот кога постигнаа гол, а погодокот на Џошуа Кимих на крајот се покажа како доволен за пласман во полуфиналето.

Со вкупни 3:2, Баерн се пласираше меѓу четирите најдобри и си закажа полуфинална пресметка со Реал Мадрид, но од друга страна пак, Англија остана без свој претставник и Арсенал и Манчестер Сити сега ќе се борат за титулата во Премиер лигата.

Арсенал ризикува втора година по ред да остане без ниту еден трофеј кога беше доста блиску и во Лигата на шампионите и Премиер лигата, а елиминацијата од Европа посебно го израдува и Ерик Даер кој игра во Баерн како позајмен фудбалер од Тотенхем.

– Навистина е добро што го исфрливме Арсенал. Да бидам искрен, тоа беше навистина добро, – изјави Даер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни