Поврзете се со нас

Шпанија

Дефанзивецот на Атлетико режираше лудачки старт, вистинско чудо е како мина без црвен картон (Видео)

Објавено

на

Полуфиналињата оваа сезона во шпанскиот Куп не се така атрактивни како обично, но сепак дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао заслужи значајно внимание во јавноста.

Првото полуфинале меѓу Мајорка и Реал Сосиедад не беше вредно за одбележување поради разочарувачките 0:0, но вчеравечер Атлетик успеа да стане првиот тим кој победил на „Метрополитано“ од стартот на сезоната.

Баскијците успеаја да излезат како поуспешн во беспоштедната битка и победија со 0:1, а одлучувачкиот момент се случи во раната фаза на мечот кога Реинилдо направи пенал.

Левиот бек на Атлетико имаше помрачување и режираше лудачки старт, па голем дел од јавноста во Шпанија се чуди како дефанзивецот на Атлетико не заработи и директен црвен картон.

Реинилдо стартуваше со отворен ѓон со двете нозе и го покоси Прадос, кој може да биде среќен во дадената ситуација што мина без скршеница.

Беренгер го реализираше ударот од 11 метри и оваа предност ја задржаа гостите до самата завршница, но судиските експерти сметаат дека Атлетик бил оштетен, особено поради невклучуавањето на ВАР во ситуацијата на Реинилдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни