Поврзете се со нас

Англија

Дефанзивецот кој не дебитираше за Сити со порака на заминување: Гвардиола не ни знае дека ме купија!

Објавено

на

Манчестер Сити пред две години исплати 11 милиони евра во касата на Џирона за да го доведе Педро Поро, талентираниот дефанзивец кој по две сезони минати на позајмица, сега си заминува од англискиот шампион.

Поро не доби никаква шанса од Пеп Гвардиола и не запиша ниту еден настап за првиот тим на Сити, па сега во ситуација кога си договори четиригодишен ангажман во Спортинг Лисабон, младиот Шпанец не пропушти да ги „поздрави“ водечките луѓе од Манчестер за тоа како го изменаџирале неговиот потенцијал.

Педро мина две сезони на позајмици во Валјадолид и Спортинг Лисабон, а португалскиот клуб сега реши да му обезбеди пераментен престој на „Жозе Алвеладе“.

– Не одиграв ниту еден меч и не ни дебитирав за Манчестер Сити. Да бидам искрен, мислам дека Пеп Гвардиола не ни знае дека ме купија за неговиот тим, – вели Поро.

Угледната „А Бола“ тврди дека се договорени сите детали меѓу двата клуба, па Сити ќе инкасира околу 8,5 милиони евра за младиот дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни