Поврзете се со нас

Европски првенства

Дефанзивецот кој беше во аут четири месеци подготвен да биде стартер во полуфиналето: На потег е Герет Саутгејт

Објавено

на

Foto:x.com/England

Герет Саутгејт засега не прави големи промени во англискиот тим и покрај низата критики за лошата игра, но мора да се признае дека селекторот и има право за такво нешто со оглед пласманот во полуфиналето.

Без допадлива и атрактивна игра, тимот на Герет Саутгејт стигна меѓу четирите најдобри на шампионатот, а пред полуфиналето со Холандија се отвора една дилема која воопшто не постоеше во досегашната фаза.

После тешка и напорна рехабилитација која траеше четири месеци, Лук Шо се стави на располагање и доби минутажа на осминафиналето против Швајцарија, а сега единствениот природен лев бек на Англија се нуди да биде стартер.

– Секако дека сум подоготвен за 90 минути. Работев напорно за да бидам целосно фит. Сега на потег е Герет Саутгејт.

– Последните четири месеци беа предизвикувачки и тешки за мене. Очекував да се вратам побрзо и да го почнам Европското првенство, но на крај се одложија многу нешта. Најважно е што сега сум тука и подготвен сум да му помогнам на тимот, – вели Лук Шо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни