Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Коцев ново име во редовите на Шкендија (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Шкендија затвори уште една операција во овој зимски преоден рок, па така од денеска нивен нов член е 29-годишниот Стефан Коцев.

Коцев во изминатиов период настапуваше во Каспиј од Казахстан од каде се враќа на македонскат сцена каде низ годините има настапувано уште за Брегалница и Силекс.

-Се чувствувам многу добро што потпишав со еден од најдобрите клубови во Македонија. Ќе се бориме да станеме шампиони. Знаеме дека Шкендија има многу публика, која е 12-ти играч на секој натпревар. Секогаш давам се од себе и ветувам дека на секој натпревар ќе го оставам срцето на терен, -порача дефанзивецот Коцев кој може да се пофали со интернационално искуство уште во Грција и Косово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни