Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Исаевски ново засилување за Македонија ЃП

Објавено

на

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Македонија Ѓорче Петров доведе уште едно засилување за оваа сезона и тоа во дефанзивната линија.

Ново име во таборот е Александар Исаевски каде во минативе две сезони играше во Албанија во Влазнија и Динамо Тирана. Тој во минатото веќе има настапувано за „лавовите“ што значи дека ова за него е камбек во Ѓорче Петров.

Во досегашната кариера има запишано настапи уште за Детроит Сити, Победа и Дунав Рисе од Бугарија.

Да потсетиме ѓорчепетровци вчера го добија и потписот на поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Стоилов.

Ново име во Ѓорче Петров: Македонија ја претстави замената за Емини (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни