Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Грозданоски ново име во Пелистер

Објавено

на

Екипата на Пелистер продолжува активно да го гради ростерот за натпреварувачката 2022/2023, па така најново засилување е дефанзивецот Христијан Грозданоски.

Грозданоски е уште еден играч роден во Битола кој се враќа дома и ќе го носи дресот на Пелистер, односно тој им се приклучи на Филип Миленковски, Бурхан Мустафов, Благоја Љамчевски и Илче Петровски кои претходно се договорија со клубот.

Кога се во прашање „зелено-белите“ соработката ја продолжија Христијан Драгарски, Борче Маневски, Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски, додека Пелистер исто така се договори со Бојан Стефановски , Стефан Ивановски, Мартин Андоновски,Христијан Торнрвски и Амир Фејзуловски да останат во тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни