Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Бајрами е нов член на Беласица

Објавено

на

Тимот на Беласица промовираше ново засилување, а тоа е 22-годишниот Медин Бајрами.

Бајрами беше дел од неколку екипи од Словенија, а во Струмица доаѓа од редовите на Марибор. Македонскиот прволигаш се надева дека со ангажманот на Бајрами ќе добие квалитетно засилување, играч кој ќе може да ја подобри дефанзивната линија која се покажа како лоша на стартот на сезоната, односно Белација е тимот со најмногу примени голови по почетните три кола (10 погодоци).

По три одиграни кола повратникот во елитната македонска конкуренција е на последното 12 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни