Поврзете се со нас

Лига на нации

Дефанзивец на Сан Марино се расплака по подвигот на негова репрезентација (Видео)

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Сан Марино е на последното место на ФИФА ранг листата, па секој освоен бод претставува голем успех.

Вчера, оваа селекција одигра 0:0 против Гибралтар, што беше второ реми во серија во Лигата на нации, нешто што на Сан Марино не му успеало досега во својата фудбалска историја.

За тоа колку емоции предизвика ваквиот епилог покажува реакцијата на капитенот Данте Роси.

Столбот на одбраната на Сан Марино не можеше да ги сопре солзите уште на теренот, а и потоа кога даваше изјава по средбата, а видеата станаа вирални на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни